• понеделник, 23 декември 2024

Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“

Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - По повод 8 Март, во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе биде прикажана дигиталната изложба „Жените во ретката периодика“ на авторките Марина Мијаковска и Милица Ивановска.

-Весникот „Македонка : орган на Aнтифашистичкиот фронт на жените од Македонија“е важен наслов од фондот на Збирката за ретка периодика. Тоа е првото женско списание објавено во Македонија. Овој периодичен наслов има големо културолошко, историско, книжевно и библиотечно значење за Македонија и Европа. Тоа е историски сведок за отпорот на македонските жени кон фашизмот и нивната борба за еманципација и стекнување на еднакви права. Овој наслов е особено релевантен за женското пишување во историјата, културата и истотијата на жените, активизмот во политиката итн. Весникот излегувал од 1944 до 1952 година во осумгодишна временска рамка и вкупно 83 броеви. Три пати го менуваше насловот во „Просветена жена“, „Жена“ и „Жена нова“, соопштуваат од НУБ „Св. Климент Охридски“.

Настанот ќе биде заокружен со поетско читање на неколку истакнати македонски писателки: Љерка Тот Наумова, Мирјана Тренчева, Билјана Станковска и Марина Мијаковска. дма/са/

Фото: покана

Остани поврзан