• петок, 22 ноември 2024

Декларација за мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје

Декларација за мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Македонскиот уметник и хуманист, Живко Поповски – Цветин, кандидат за Нобеловата награда за мир, заедно со членовите на Цветиновиот комитет за мир, подготвија и потпишаа Декларација за мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје по повод одбележување на 79-годишнината од употребата на нуклеарно оружје во Хирошима (06.08.1945) и Нагасаки (09.08.1945).

По овој повод денеска пред Спомен куќата на Мајка Тереза (носителка на Нобеловата награда за мир) ќе се прочита Декларацијата, која ќе биде отворена за потпишување од страна на сите граѓани кои посакуваат мир и просперитет во светот.

Книгата за потпишување на Декларацијата ќе биде отворена секој ден од 9 до 16 часот, од денеска до 9 август 2024 година.

Поетот Горан Анчевски ќе чита поезија посветена на пилотот – капетан Стево Стефановски кој не сакал да лета над Нагасаки во спомен на жртвите од атомската бомба. Исто така, авторката Лидија Лучко Јеремиќ ќе ја прочита својата песна „Дали епопеја за болката“ на македонски јазик. Песната ќе биде прочитана и на англиски, српски, турски, албански, влашки и на грчки јазик. Исто така, Живко Поповски - Цветин ќе ја додели Цветиновата награда за мир за придонесот кон мирот на авторката Јеремиќ. дма/вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан