• недела, 22 декември 2024

Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Петровец

Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Петровец

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Петровец, соопшти РЦУК - Скопје.

Од 11 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата Кучково кон ресторанот Стара Буре во општина Ѓорче Петров, а во период од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селата Горно, Долно и Сердно Коњаре, Сушица и Дивље во општина Петровец. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан