• четврток, 09 мај 2024

Балетска претстава „Пепелашка“ во НОБ

Балетска претстава „Пепелашка“ во НОБ

Скопје, 18 март 2023 (МИА) -  На сцената на Националната опера и балет денеска ќе биде изведен современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија, преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).

Настапуваат Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. см/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан