• понеделник, 23 декември 2024

Национална конференција за подобрување на системот за стручно образование и обука во пет региони во земјава

Национална конференција за подобрување на системот за стручно образование и обука во пет региони во земјава
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Национална конференција на тема „Подобрување на системот за СОО во 5 региони - потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на ИПА проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образование на возрасните“. Конференцијата има за цел да го претстави извештајот за оценка на капацитетите на средните стручни училишта во петте региони во земјава и идентификуваните силни страни и слабости на системите за стручно образование и обука во нив. Врз основа на наодите, заклучоците и препораките формулирани во извештајот, во наредниот период ќе се развијат препораки за идентификација на најмалку две средни стручни училишта од петте региони кои имаат потенцијал да се трансформираат во регионални центри за стручно образование и обука. Конференцијата е дел од активностите на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“, EuropeAid/140265/IH/SER/MK, финансиран од Европската Унија преку ИПА 2 програмата, кој започна со имплементација на 27 септември 2021 година и ќе трае 36 месеци. Главна цел на проектот е да се подобри усогласувањето на вештините на младите и возрасните согласно потребите на пазарот на труд преку зголемување на пристапот до квалитетно стручно образование, обука и образование за возрасни, а е имплементиран од страна на компанијата WEglobal S.r.l –Италија, во конзорциум со bit Schulungscenter GmbH – Австрија и Internationaler Bund (IB) – Германија. вј/сп/

Остани поврзан