• недела, 07 јули 2024

НАСА со ново видео од „Сината Планета“ во висока резолуција

НАСА со ново видео од „Сината Планета“ во висока резолуција

Хјустон, 20 април 2023 (МИА) - Малкумина имаат можност да ја видат Земјата во живо од вселената... За останатите, американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА објави видео со слики од „Сината Планета“ во висока резолуција.

Станува збор за компилација снимки од нашата планета направени меѓу март 2022. и март 2023 година за време на експедициите „67“ и „68“ на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Благодарение на нив, секој може да се замисли во улога на член на МВС и да ужива во тој поглед речиси еден час. Земјата е прикажана како да се гледа низ прозорците на Станицата. си/сд/

ФОТО: НАСА, видеоисечок.

Остани поврзан