• недела, 22 декември 2024

Народен собор делчевското село Драмче по повод 75 години постоење на ФГ ,,Копачка"

Народен собор делчевското село Драмче по повод 75 години постоење на ФГ ,,Копачка

Делчево, 14 октомври 2023 (МИА) - Денеска кај параклисот Покров на Пресвета Богородица во делчевското село Драмче се одржа општо-народен собор со настап на Фолклорната група Копачка од село Драмче. Настапот, како што истакна претседателот на фолклорната ргупа Перса Стојановска, е дел од активностите посветени на прославата на јубилејот 75 години постоење на ФГ  „Копачка". 

- Во рамки на настапот се претставивме со изворни Пијанечки ороводни песни, песни на инструменти и ора на инструменти. Најпосле се одвиваше интеракција со соборјаните за учење на орото Копачката, заради архивирање на ова фолкорно добро како живо културно наследство, заштитено на национално ниво и во УНЕСКО, рече Стојановска.

Таа додаде дека во рамки на овогодишната прослава ќе следуваат посета на спомен собите на Дедо Митко ороводецот на Копачката и на народниот уметник Димитар Узунски.

-Еден ден ќе организираме филмска вечер со документарни филмови за Копачката, а централната прослава ќе се одвива на 27 ноември на денот на прогласувањето на орото Копачката за светско културно наследство впишано во УНЕСКО, додаде Стојановска, заблагодарувајки се на организаторите за денешната покана и можноста од месноста Јазова Чука да започнат подготовките за активностите по повод големиот јубилеј 75 години Копачка.

Љуло Димитровски, претседател на месната заедница во село Драмче изрази задоволство што голем број луѓе денеска се собраа на соборниот ден во село Драмче.

-Тука изградивме објект каде секоја година луѓето се собираат, имаме многу помагатели да не заборавиме некој благодарност до сите, а посебно до Зора Димитровска од село Габроцо, Мите Обел Градба и градоначалникот на М.Каменица. Планирано е да биде направена една зграда од 150 квадрати, ќе го пробиеме патот до Светите води кои се наоѓаат во близина со летниковец. Имаме помош од Општина Македонска Каменица која ни го порамни патот, рече Димитровски.

За денешниот празник месната заедница од село Драмче беше подготвен ручек за над 500 присутни соборјани, а на годинешниот настан беа пријавени 12 кумови кои го помогнаа одржувањето на настанот. вс/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан