• вторник, 05 ноември 2024

Намалено вкупното производство на шумски производи

Намалено вкупното производство на шумски производи

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2024 година изнесува 100 280 метри кубни и во однос на второто тримесечје од 2023 година е намалено за 7,8 отсто. 

Според Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадните видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадните видови и кај просторното дрво од иглолисните видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисните видови и кај огревното дрво од иглолисни и листопадните видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 82 518 метри кубни и бележи зголемување за 0,3 отсто. мч/са/

фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан