• недела, 22 декември 2024

Намалени производството и продажбата на шумски производи

Намалени производството и продажбата на шумски производи

Скопје, 15 мај 2024 2024 (МИА) - Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2024 година е намалено за 13,3 отсто во однос на првото тримесечје од 2023 година, а продажбата на шумски сортименти изнесува 22 933 метри кубни и бележи намалување за 19,2 процента.

Според податоците од Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови, а намалување кај повеќето видови шумски сортименти. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан