• недела, 22 декември 2024

Намалена активноста на Ковид-19 во Грција, но останува висок бројот на хоспитализирани и починати лица

Намалена активноста на Ковид-19 во Грција, но останува висок бројот на хоспитализирани и починати лица

Атина, 8 август 2024 (МИА) – Активноста на Ковид-19 во Грција е намалена во изминатата седмица по трендот на зголемување во последните недели, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), но сепак останува висок бројот на хоспитализирани и починати лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според неделниот извештај на ЕОДИ, во периодот од 29 јули до 4 август 2024 година, позитивноста кај сите тестирани примероци е стабилна во однос на претходната седмица, регистрирани се 833 нови хоспитализации, што бележи намалување, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 40 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 34, а бројот на смртни случаи во истата недела во 2023 година бил 27 лица.

Од ЕОДИ соопштуваат дека и понатаму се забележува растечки тренд на варијантата BA.2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест. ср/паг/

Остани поврзан