• недела, 22 декември 2024

Над 50 проценти излезеност во Берово и Пехчево до 17 часот

Над 50 проценти излезеност во Берово и Пехчево до 17 часот

Берово, 8 мај 2024 (МИА) - Во општините Берово и Пехчево излезеноста на парламентарните и вториот круг од претседателските избори е над 50 проценти. Процентот на излезеност на гласачите на парламентарните избори 2024 во Берово како што информираа од Општинската изборна комисија изнесува 55,89 проценти.

-Во однос на излезеноста на парламентарните избори во Берово гласале 5.838 лица или 55,89 проценти. Слична е бројката и во вториот круг од претседателските избори на кои своето право на глас го оствариле 5.835 или 55,99 проценти од гласачите, информираа од ОИК Берово.

Во соседната општина Пехчево, како што информираа од тамошната ОИК, процентот на излезеност од 3.905 регистрирани гласачи за парламентарните и 3.899 за вториот круг од претседателските избори, изнесува 51,3 проценти. 

За време на изборниот процес и во двете општини не се забележани неправилности или технички проблеми од било каков вид. вс/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан