• петок, 05 декември 2025

Над 200 затвореници побегнаа од затвор во Пакистан по земјотрес во Карачи

Над 200 затвореници побегнаа од затвор во Пакистан по земјотрес во Карачи

Карачи, 3 јуни 2025 (МИА) - Повеќе од 200 затвореници побегнаа од затвор во пакистанскиот град Карачи по серија благи земјотреси, соопштија локалните власти.

Затворениците, главно осудени за помали кривични дела, ги совладале чуварите и избегале од затворот Малир денеска, во раните утрински часови, изјави полицискиот службеник Кашиф Заман.

Околу 80 бегалци се повторно уапсени во близина на затворот по интервенција на полицијата и другите безбедносни сили, според Зиа Ланџар, министер за внатрешни работи на провинцијата Синд.

Полициски тимови продолжуваат со операцијата за пронаоѓање на останатите бегалци, изјави шефот на полицијата во Синд, Гулам Наби Мемон, по посетата на затворот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан