• понеделник, 06 април 2026

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот

Вашингтон, 6 април 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се чини дека го одложи својот ултиматум до Иран за уште 24 часа, сега поставувајќи го „вторник, 20 часот“ по источно време, што е 2 часот наутро во среда по средноевропско време, за нов краен рок.

„Вторник, 20 часот по источно време“, напиша Трамп на својата платформа „Тру соушал“.

Претходно вчера, Трамп изрази верување дека САД имаат добри шанси денеска, понеделник, да постигнат договор со Иран, еден ден пред да истече неговиот ултиматум до Техеран.

„Без договор, ќе видите како мостови и електрани се уриваат во целата земја“, изјави Трамп за „Фокс њуз“ повторувајќи ја својата закана.

На 26 март Трамп го одложи планираниот датум за уништување на електраните за десет дена, до понеделник, 6 април, во 20 часот.

Во истото интервју тој рече дека им гарантира „имунитет“ на иранските преговарачи за тие наводно да не бидат цел на американско-израелски напади.сд/аб/

Фото: Трутх социјал

Остани поврзан