Најмалку пет лица загинаа во воздушен напад врз иранскиот Ком
- Во нападот, што иранските власти го опишаа како заеднички американско-израелски напад, рано утринава е погоден централниот град Ком, објави новинската агенција „Фарс“ повикувајќи се на висок безбедносен службеник во покраината.
Техеран, 6 април 2026 (МИА) - Најмалку пет лица беа убиени во воздушен напад врз станбена зграда во Иран, соопштија властите рано утринава, пренесе ДПА.
Во нападот, што иранските власти го опишаа како заеднички американско-израелски напад, рано утринава е погоден централниот град Ком, објави новинската агенција „Фарс“ повикувајќи се на висок безбедносен службеник во покраината.
Спасувачките операции сè уште се во тек, а бројот на жртви може да се зголеми дополнително, соопшти „Фарс“, пренесена од германската агенција.сд/аб/
Фото:ЕПА