• вторник, 10 септември 2024

Награда „Борисав Станковиќ“ за Никола Ристановски на „Борини позоришни дани“ во Врање

Награда „Борисав Станковиќ“ за Никола Ристановски на „Борини позоришни дани“ во Врање

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Никола Ристановски е добитник на наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра машка улога на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“ во Врање, за ликот на доктор Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.

Одлуката е донесена од жири-комисијата составена од Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб, соопштија денеска од МНТ.

- Како што стои во образложението од комисијата, „Никола Ристановски во улогата на доктор Томас Стокман рискантно и дрско го спојува неспоивото: најдрската превртливост и пеливанската балканска итрина. Игра човек кој како денешниот слеп Едип незапирливо ја напаѓа општествената неправда и тврдоглаво истрајува во битките за правда, до работ на Бекетовите кловнови, отфрлен од сите и упорен во тоа“, се наведува во соопштението. бд/са/

Фото: Врањењуз

Остани поврзан