• петок, 22 ноември 2024

МФ: Јавниот долг 54,9 отсто од БДП, намален дополнителни 2,2 процентни поени

МФ: Јавниот долг 54,9 отсто од БДП, намален дополнителни 2,2 процентни поени
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Дополнителни 2,2 процентни поени намалување забележа јавниот долг. Денеска објавените податоци покажуваат дека заклучно со првиот квартал од 2022 година јавниот долг се спушти на ниво од 54,9 отсто од БДП. Истовремено, намалување е забележано и кај државниот долг кој на крајот на март изнесува 46,8 отсто и е за 1,9 процентни поени понизок, соопшти Министерството за финанси. Оттаму наведуваат дека дополнителното намалување на јавниот долг е потврда за добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии, особено што тоа е евидентирано во период на криза. Фискалната политика останува на орпеделбата за натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг. - Клучни елементи на фискална политика во наредниот период се редизајнирањето и подобрената структура на јавните финансии, преку зголемено учество на капиталните расходи, како и етапната фискална консолидација. Буџетскиот дефицит во 2020 година изнесуваше 8,2 отсто од БДП, во 2021 година 5,4 отсто од БДП. Годинава продолжува тој тренд на намалување. Во првите четири месеци, односно јануари-април 2022 година остварен е за 44 отсто помал дефицит во однос на тој период минатата година, велат од министерство за финанси. Воедно, министерството за годинава е проектиран дефицит од 5,3 отсто од БДП, 4,2 отсто во 2023 година, 3,6 отсто во 2024 година, 3,2 отсто во 2025 година, 3,0 отсто во 2026 година и 2,8 проценти во 2027 година. Истовремено, истакна дека останува определбата за натамошно намалување на јавниот долг и негово спуштање под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП. Согласно ревидираната Стратегија за управување со јавниот долг, на среден рок, според министерството до 2027 година јавниот долг ќе се стабилизира и ќе се намали на 56,6 отсто, додека државниот долг ќе се сведе на 50,2 проценти. оџ/нд/    

Остани поврзан