• сабота, 29 јуни 2024

Муцунски на Дубровник форум 2024 во Хрватска

Муцунски на Дубровник форум 2024 во Хрватска

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во работна посета на Република Хрватска, каде што на покана на шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман ќе учествува на Дубровник форум 2024.

Како што соопшти МНР, Муцунски ќе има обраќање на панелот „Западен Балкан: Отворање на реформскиот потенцијал”.

На маргините на форумот, министерот Муцунски ќе оствари и бројни билатерални средби со свои колеги од повеќе земји. вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан