• понеделник, 15 декември 2025

Муцунски во Лондон ќе ја потпише Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Муцунски во Лондон ќе ја потпише Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во повеќедневна посета на Лондон, деенска ќе има средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.

По средбата, предвидено е да биде потпишана Заедничка декларација за стратешко партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, соопшти МНРиНД.

Оваа декларација има за цел да ги зајакне стратешките билатерални односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, справувањето со корупцијата и незаконските финансиски текови, како и економскиот раст.

Целта на посетата на Муцунски, како што поосчуваат од МНРиНД, е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан