• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Муртезани - Бунфорд: Неопходно е продолжување на реформските процеси и искористување на европските инструменти за институционален и економски развој

Муртезани - Бунфорд: Неопходно е продолжување на реформските процеси и искористување на европските инструменти за институционален и економски развој

Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска остварил средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, амбасадорот Жолт Бунфорд, на која била потврдена блиската и динамична соработка меѓу двете пријателски земји.

Во фокусот на разговорите, како што соопшти МЕП, било европското досие на Северна Македонија и спроведувањето на реформската агенда во рамките на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

Министерот Муртезани изразил благодарност за континуираната поддршка од Унгарија, особено видлива и гласна за време на нивното неодамнешно претседавање со Советот на ЕУ.

-Муртезани и Бунфорд се согласија дека е неопходно да продолжат реформските процеси и да се искористат сите европски инструменти за институционален и економски развој, со што ќе се забрза европскиот пат на земјата. Беше нагласено и значењето на регионалната соработка, како клучен фактор за стабилноста и напредокот на Западен Балкан, се наведува во соопштението.

Министерот Муртезани и амбасадорот Бунфорд ја потврдиле посветеноста за натамошно зајакнување на билатералната соработка и интензивната комуникација меѓу двете влади во насока на исполнување на заедничките европски цели. дма/

Фото:МЕП

 

Остани поврзан