• петок, 17 мај 2024

Мурињо не смета на трансфер на Кутињо, плата на играчот е премногу висока за Тотенхем

Мурињо не смета на трансфер на Кутињо, плата на играчот е премногу висока за Тотенхем
Лондон, 31 мај 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој игра на позајмица за Баерн, нема да замине во Тотенхем. Тренерот на Спарси, Жозе Мурињо не е заинтересиран за трансфер на 27-годишниот играч, објави „Марка“. Тотенхем не може да си дозволи да ја плати цената на трансферот на Бразилецот, ниту да ја плати неговата плата, која изнесува околу 15 милиони евра годишно. Претходно беше објавено дека Кутињо е интересен за Арсенал, Челзи, Њукасл и Лестер. зс/

Остани поврзан