• петок, 22 ноември 2024

Мојсоска: Власта нерационално ја зголемува администрацијата и измислува функции

Мојсоска: Власта нерационално ја зголемува администрацијата и измислува функции

Скопје, 9 ноември 2024 

Во гостувањето на емисијата Клан дебата, Генералниот секретар на Левица - Јована Мојсоска зборуваше за непотребното оптоварување на администрацијата со партиски кадри на заменик-директорски функции. Таа потсети дека партијата го поддржа укинувањето на економските директори на клиниките, за подоцна законот да биде изигран од власта и економските директори да станат советници.

„Имаше закон за укинување на Економските директори на клиниките, којшто Левица го поддржа. За после да видиме како истите тие Економски директори стануваат советници на директорите.“

Во продолжение Мојсоска констатираше дека намалувањето на администрацијата беше уште една предизборна лага на Власта и наместо да ги укине заменик директорите, таа, на пример во Царина, од еден, воведе два заменик директори, за да има вакво столче, и за ВРЕДИ и за ЗНАМ.

„Министерот Мисајловски имаше изјава дека ќе се намали администрацијата и дека ќе се укинат заменик директорите во сите институции. Па ние гледавме во собрание, без тотално рационално објаснување се изгласа трет директор за царина на ЗНАМ.“

Во емисијата, Генералниот секретар на Левица истакна дека слабостите искажани во извештајот на Европската комисија, се проблеми кои партијата многукратно ги артикулирала, и посочувала на негативните последици од истите.

Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото принскрин

Остани поврзан