• петок, 05 јули 2024

Молњи предизвикаа два шумски пожари на грчкиот остров Тасос

Молњи предизвикаа два шумски пожари на грчкиот остров Тасос

Атина, 3 јули 2024 (МИА) – Силни и интензивни молњи рано утрово предизвикаа два различни шумски пожари во северозападниот дел на грчкиот остров Тасос, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од противпожарната служба на Грција, интервенираат 32 пожарникари со група пешадиски тим, 13 возила, еден авион и два хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините.

Паралелно од градот Кавала со траект на островот се пренесуваат уште 18 пожарникари со група пешадиски тим и пет возила, а со хеликоптер на Тасос пристигнува уште еден пешадиски тим со осум пожарникари. ср/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан