• петок, 22 ноември 2024

Модриќ стана најстариот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол од пенал

Модриќ стана најстариот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол од пенал
Мадрид, 2 ноември 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ постави нов рекорд во фудбалската Лига на шампионите. Во натпреварот од 6. коло од групната фаза против Селтик, Хрватот реализираше пенал и стана најстариот играч кој постигнал гол од 11 метри на турнирот. Модриќ постигна гол на 37 години и 54 дена. Претходниот рекорд го држеше напаѓачот Бурак Јилмаз, кој погоди од пенал за Лил на 36 години и 244 дена во осминафиналето на Лигата на шампионите 2021/22 против Челзи (1-2). Натпреварот Реал – Селтик се игра вечерва во Мадрид, на полувреме Реал води со 2:0. И вториот гол Реал го постигна од пенал, овој пат стрелец беше Родриго. Интересно е што пенал имаа и гостите, но не успеаја да го реализираат. зс/

Остани поврзан