• петок, 28 јуни 2024

Модриќ: Одлуката за мојата иднина во Реал е донесена, но сè уште не можам да ја објавам

Модриќ: Одлуката за мојата иднина во Реал е донесена, но сè уште не можам да ја објавам

Мадрид, 28 мај 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ донел одлука за својата иднина во мадридскиот клуб.

- Одлуката за мојата иднина е донесена, но сè уште не можам да ви кажам за тоа. Секогаш сум велел дека сакам да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, тоа е она што навистина го сакам. Ова е мојот сон, ова е мојот дом, клубот на мојот живот. Сакам исто збогување како и Тони Крос, го цитира Модриќ, новинарот Фабрицио Романо.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид се согласил на едногодишен договор со Модриќ.

Хрватот се пресели во Реал Мадрид во летото 2012 година. Висината на неговиот трансфер од Тотенхем изнесуваше 35 милиони евра. Вкупно за шпанскиот тим одигра 532 натпревари, постигна 39 гола и даде 86 асистенции. Заедно со тимот, играчот од средниот ред стана петкратен победник на Лигата на шампионите, како и четирикратен шампион на Шпанија.

Во сезоната 2023/24, Модриќ одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и осум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан