Модриќ одби 200 милиони евра во Ал-Хилал за три години, заради една сезона во Реал
- Лука Модриќ се откажа од 200 милиони евра за три години во Ал Хилал за една сезона во Реал Мадрид.
Мадрид, 17 јуни 2023 (МИА) - Лука Модриќ се откажа од 200 милиони евра за три години во Ал Хилал за една сезона во Реал Мадрид.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, играчот од средниот ред ја одбил понудата од Саудиска Ал-Хилал со која би му биле дадени 200 милиони евра за три години за да остане во Реал Мадрид.
Пред еден месец Модриќ го продолжи договорот со Мадрид на уште една сезона.
Играчот од средниот ред, кој во септември наполни 38 години, минатата сезона забележа 52 настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и шест асистенции. зс/
Фото: ЕПА