• петок, 28 јуни 2024

Модриќ: Верувам дека сме на врвот и се надевам на 15. трофеј во Лигата на шампионите

Модриќ: Верувам дека сме на врвот и се надевам на 15. трофеј во Лигата на шампионите

Мадрид, 28 мај 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ зборуваше за подготовката на тимот за финалето на Лигата на шампионите.

Натпреварот ќе се одигра на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Реал ќе се соочи со Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите 2023/24.

-Станува рутина, се занесуваш и размислуваш за тренинзите. Како што наближува натпреварот, почнуваш да размислуваш почесто за тоа, од ден на ден размислуваш како да се подготвиш правилно и да не размислуваш премногу за самиот натпревар. Има толку многу мисли, што не полудуваат. Мора да ни верувате затоа што имавме импресивна сезона, ја освоивме Ла Лига, шпанскиот Суперкуп... Сето ова ќе ни даде самодоверба во финалето. Верувам дека сме на врвот и се надевам на 15. трофеј во Лигата на шампионите, изјави Модриќ, цитиран од Ас.

Реал договори едногодишен договор со хрватскиот интернационалец. Фудбалерот настапува за шпанскиот клуб од летото 2012 година. Во сезоната 2023/24, 38-годишниот Модриќ одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 2 гола и 8 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан