• понеделник, 23 декември 2024

Младите оратори од Делчево го одбележаа Денот на Европа

Младите оратори од Делчево го одбележаа Денот на Европа

Делчево, 9 мај 2023 (МИА) - По повод 9 Мај - Денот на Европа, учениците од образовните институции во општина Делчево денеска одржаа ораторски говор на тема „Европската унија - младинско изгрејсонце за заедништво и правда". Во рамки на настанот пред присутните свој говор на неколку европски јазици, вклучително и македонскиот, имаа ученици како од основните, така и од средното училиште.

Целта, како што информираа организаторите, е да се слушне гласот на младите, како да се биде европски граѓанин.

- Денес одбележуваме 73 години од историската „Шуманова декларација". Поминавме 73 години во мир и солидарност. Европската унија ја промени судбината на нашиот континент Родена на пепелта од кризата што го уништи континентот, во услови на новата криза низ која поминуваат многи земји и денес. научивме сите повеќе да ја цениме вистинска вредност на Унијата Европската унија значи мир, слобода и владеење на правото, но за нас значи и иднина и отвореност кон светот, истакна ученичката Александра Попова.

Членството во ЕУ, додаде Попова, отсекогаш било главна стратешка определба на нашата земја која има безрезервна поддршка од сите граѓани.

- Затоа сите ние веруваме дека сите ќе се вклучиме во активностите за одбележување на 9 Мај и со тоа ќе ја потврдиме поддршката за процесот на евроинтеграција. Им се заблагодаруваме на нашите ученици и нивните Ментори кои дадоа подршка на нас младите да ги искажеме нашите идеи и вистински вредносто кои сакаме да бидат дел од законските рамки на Европската Унија и секако нашата земја како идна кандидат да биде членка која ќе се бори за заедништво и правда на сите граѓани во нашата земја, додаде младата ораторка.

Младите идни оратори за своите идејни пораки да бидат европски граѓани од страна на Јавната локална Библиотека „Илинден" добија пригодни награди.

Денот на Европа ја одбележува годишнината на говорот даден во Париз во 1950-тата година од страна на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, кој беше заслужен за создавањето на Европската Унија и нејзините наднационални институции. вс/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан