• вторник, 17 декември 2024

Младите либерал-демократи и Фондацијата Фридрих Науман започнаа со информативна кампања за младите и ЕУ

Младите либерал-демократи и Фондацијата Фридрих Науман започнаа со информативна кампања за младите и ЕУ

Скопје, 13 декември 2024 

Либерално-Демократската Младина, во соработка со Фондацијата Фридрих Науман, започна информативна кампања посветена на младите и придобивките што Македонија ги добива со пристапувањето во Европската Унија. Кампањата се спроведува преку активности на социјалните мрежи и низ неколку градови во земјата, со цел младите да добијат корисни информации и да се запознаат со искуствата и можностите што ги нуди ЕУ.

Како дел од оваа иницијатива, на 12-ти декември во Кичево се одржа работилница со наслов „Младите во акција: Истражување на либералните вредности и институциите на ЕУ“. Настанот привлече голем број млади учесници, кои преку интерактивни сесии и практични вежби се запознаа со улогата на институциите на ЕУ, можностите за едукација, мобилност и проекти финансирани од ЕУ, како и со конкретни чекори за вклучување во европските иницијативи.

„Целта на оваа кампања е младите да станат свесни за придобивките што Европската Унија ги нуди за нивната лична и професионална надградба. Нивната енергија, идеи и активност се неопходни за подобра иднина и за Македонија и за Европа,“ велат од Либерално-Демократската Младина.

Кампањата продолжува во наредниот период и во други градови низ Македонија, носејќи практични знаења, инспирација и можности за вмрежување за младите луѓе, истовремено поттикнувајќи ги да станат активни чинители во процесот на европска интеграција.

 

Либерално-демократска партија

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ЛДП



Остани поврзан