• петок, 05 декември 2025

Мишовски: Време е сега да ја направиме Кисела Вода по наша мерка

Мишовски: Време е сега да ја направиме Кисела Вода по наша мерка

Скопје, 15 октомври 2025 

Левица продолжува со директни средби со граѓаните. Вчера лидерот на партијата, Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, разговараа со жителите на Кисела Вода за реалните проблеми што со години остануваат нерешени. Граѓаните зборуваа отворено за урбанистичкиот хаос, пропаѓањето на инфраструктурата, недостатокот од јавни услуги и притисоците од партиските структури врз секојдневниот живот, се вели во соопштението од Левица, што МИА го објавува интегрално. 

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Јане Ацевски истакна дека сериозните проблеми, а  пред сè енормното загадување и негрижата за здравјето на граѓаните, како и хаосот во урбанизацијата кој повеќе од три децении се води во корист на мал број поединци на сметка на јавниот интерес мора да се реши. „Здраво општество постои само тогаш кога ќе има здрава популација, а тоа бара здрава урбана средина и услови за достоинствен живот“, рече тој.

„Во изминатиот мандат, како советници, покажавме и воведовме една нова практика, како вистински се застапуваат интересите на граѓаните, да се биде нивни глас во советот на Општина Кисела Вода. Поднесовме бројни барања и иницијативи за општо добро на сите нас. Ќе наведам мал дел од нашите иницијативи: Дневен центар за лица со посебни потреби, Шелтер центар за жртви од семејно насилство, Дом за стари лица и уште многу барања за еден достоен живот“, истакна носителот на листа за советници, Дончо Мишовски.

На крајот од средбата Ацевски и кандидатите за советници ги повикаа граѓаните да гласаат за број 6 на претстојните избори. „Сите заедно да кажеме, време е сега да ја направиме Кисела Вода по наша мерка, време е сега да ставиме ред во урбаниот хаос“, рече Мишовски.

ПП Левица 

фото: Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан