• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски се сретна со Орбан, зајакнување на соработката и европерспективите на земјава меѓу темите

Мицкоски се сретна со Орбан, зајакнување на соработката и европерспективите на земјава меѓу темите

Будимпешта, 4 март 2025 (МИА) - Сo интонирање на националните химни и со највисоки државни и воени почести премиерот Христијан Мицковски и владината делегација што ја предводи беа пречекани денеска во Будимпешта на платото во кралскиот дворец од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Двајцата премиери одржаа тет-а-тет средба, а во тек е заедничката пленарна седница на двете влади., по што Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција, јави специјалниот известувач на МИА од Будимпешта.

Премиерот Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека во рамки на самитот остварил средба со премиерот Орбан.

- Разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, напиша Мицкски на Фејсбук. 

Владиниот самит започна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто. Сијарто уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување во ЕУ, и обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат“.

-Постојано слушаме дека одлуката за членство во ЕУ треба да биде заснована на заслуги и Унгарија се согласува со тоа, но овој принцип треба да се применува кон сите. Не може да се смета за заслуга ако има несогласувања меѓу држава земја членка на ЕУ и земја кандидат. Како што видовте ние секогаш сме се залагале за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ, рече Сијарто. 

Kryeministri Hristijan Mickoski në profilin e tij në Fejsbuk publikoi se në kuadër të samitit është takuar me kryeministrin Viktor Orban.

Во однос на евроинтеграциите Муцунски оцени дека земјата се наоѓа на клучен крстопат бидејќи и покрај донесените бројни тешки и невообичаени одлуки, со надеж дека ќе го оствариме сонот за приклучување кон европското семејство, ние се уште сме во чекалната на ЕУ. 

-По сите тешки отстапки од наша страна и долгогодишните ветувања од европските партнери, сè уште се наоѓаме во чекалната, а пред нас е неизвесен пат, условен со уставни измени и низа други билатерални барања наметнати од нашиот сосед, Бугарија. Без оглед на сериозните предизвици со кои се соочуваме, сакаме да веруваме дека со максимално искористување на нашите политички и дипломатски капацитети, реално е остварлива целта што Европа ја поставува – до 2030 година да станеме рамноправен член на заедничкото, демократско и просперитетно европско семејство, рече Муцунски. 

Унгарија важи за силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, и на нашите аспирации за полноправно членство во Унијата. Двете земји се и партнери во рамките на НАТО. Унгарија и Северна Македонија, беа и коспонзори на Резолуциајта на САД во ОН за што поскоро решавање на конфликтот во Украина. Двете држави годинава одбележуваат 30 години од дипломатските односи. Тридеценискиот јубилеј е во знакот на успешна економска и трговска размена. Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери  и инвеститори во Северна Македонија. вг/ац/

Фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

 

 

Остани поврзан