• петок, 18 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски во посета на Радовиш

Мицкоски во посета на Радовиш

Скопје, 23 март 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Радовиш каде ќе присуствува на реконструкција и пренамена на стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш.

- Објектот кој триесет години стоеше запуштен и занемарен, нем сведок на транзицијата, сега повторно ќе биде ставен во функција. Вкупната сума за реализација на проектот за реконструкција и пренамена на стоковната куќа во Радовиш е 223.075.612 денари, информираат од Владата.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.лв/са/

Остани поврзан