• среда, 20 ноември 2024

Мицкоски се обрати на тема „Предизвици на парламентарната демократија“ на обуката со пратеници и фондацијата Конрад Аденауер

Мицкоски се обрати на тема „Предизвици на парламентарната демократија“ на обуката со пратеници и фондацијата Конрад Аденауер

Скопје, 19 октомври 2024

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Хрстијан Мицкоски учествуваше на обуката за пратениците во организација на фондацијата Конрад Аденауер што се одржува од 18 до 20 октомври 2024 година.

Обуката за пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е на тема „Зајакнување на капацитетите на пратениците: Предизвиците на парламентарната демократија“.

Претседателот Мицкоски имаше свое обраќање пред пратениците во кое се осврна на значењето на Собранието и народните избраници во парламентарната демократија, како и предизвиците на парламентарната демократија воопшто.

На обуката свое обраќање имаше и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

ВМРО - ДПМНЕ

Фото: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан