• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе мерки и проекти за занаетчиите со што ќе се решат проблемот на околу 10.000 занаетчии

Мицкоски: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе мерки и проекти за занаетчиите со што ќе се решат проблемот на околу 10.000 занаетчии

Скопје, 13 јули 2023

Навистина корисна, би рекол и средба од која што многу работи можат да се научат, но истовремено и значајна за нас како политичка партија која што ќе биде победник на следните избори да навистина сериозно се зафатиме со решавање на проблемите на занаетчиската комора и на занаетчиите. Затоа што се помалку имаме занаетчии, а се поголема е потребата од услугите на занаетчиите во Македонија.

Како што слушнавте сето она кое што денеска го разговаравме ќе биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори и силно веруваме дека потоа тоа ќе биде и програма на идната Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме амбиција сериозно да се зафатиме со решавање на овој проблем, станува збор за отприлика 10.000 луѓе кои што навистина имаат потреба од сериозно, темелно и системско решавање на овој проблем, бидејќи не е само проблемот можеби економски во делот на даноците, во делот на субвенциите итн, туку цениме дека овој проблем треба да се реши од самиот почеток односно во едукативно образовниот систем во Македонија, бидејќи тој треба да произведе кадар кој што потоа ќе биде дел од занаетчиите кои ќе нудат занаетчиски услуги на граѓаните.

Не е едноставно, навистина занаетчиите се мачат, луѓето од петни жили се мачат за да опстанат, но истовремено и да ги дадат потребните услуги на граѓаните. Тие ја имаат нашата поддршка и заеднички ќе дојдеме до едно системско решение кое што ќе биде дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори, а  потоа ќе биде и дел од програмата на владата. И нормално потоа ќе бидат имплементирани тие решенија за кои што денеска зборувавме, а со нивното имплементирање убедени сме дека ќе има подобри услови и за оние млади луѓе кои ќе бидат идни занаетчии, но и за занаетчиите кои што веќе  се дел од занаетчискиот бизнис, да најдат луѓе кои што ќе ги заменат односно ќе го наследат вака народски кажано занаетот.

Уште еднаш ќе сумирам за крај, корисен состанок, многу значаен и состанок кој што навистина отвара една поинаква перспектива за овој бизнис во Македонија.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан