• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски за средбата со Филипче: Одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија

Мицкоски за средбата со Филипче: Одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, кој во Владата има средба со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, на социјалните медуми кусо напиша дека се разговара за актуелните случувања и дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија.   

-Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија, пишува на Фејсбукот на Мицкоски, премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Во Владата се одржува средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ Венко Филипче. 

Средбата се одржува на иницијатива на Филипче кој како што е најавено на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ му го образложува неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог. 

Пред средбата Филипче во изјава за медиумите рече дека очекува конструктивен дијалог. ев/ац/

Фото: Влада 

Остани поврзан