• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка

Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка.

- Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, пишува во објавата.

Унгарскиот премиер попладнево со владина делегација во која има 10-тина министри пристигна во Охрид каде утре ќе има средба со премиерот Мицкоски, а ќе се одржи и меѓувладина седница. 

Орбан беше пречекан со високи државни почести на Охридскиот аеродром. бак/дма/

Фото: Влада

Остани поврзан