• понеделник, 24 јуни 2024

Мицкоски за Курбан Бајрам: Работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди

Мицкоски за Курбан Бајрам: Работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди

Скопје, 28 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповест по повод празникот Курбан Бајрам.

-Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламската вероисповест да им го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Посакувам  овие празнични денови да Ви донесат среќа, мир, спокојство, хармонија и здравје, стои во честитката.
 
Празникот Курбан Бајрам, како што наведува, е празник кој потсетува на хуманоста и солидарноста кои се основните човечки вредности. Според него, да се помогне и да се подаде рака на оној на којшто му е потребна е израз на човечноста. 
 
- Македонија многу пати досега докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност многу пати досега си подале рака и се подржувале  во предизвиците со кои се соочувале. Проблемите со кои  се соочуваме ги делиме сите, затоа сметам дека само работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди и заедно  да ги помине предизвици и премрежјата. Мораме напорно да работиме и да создаваме државата во која главна водилка ќе ни биде сплотеноста и толеранцијата и која ќе обезбеди иднина подеднакво за сите граѓани, се вели во честитката од Мицкоски. мд/sa/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан