Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
- СООПШТЕНИЕ - Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р'бетот на нашата економија, вели Мицкоски
Скопје, 1 мај 2024
Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р'бетот на нашата економија.
За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница.
Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја.
Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!
Линк од фб објава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid02dt1WbgdYXeBUSEpA4vjqfWXu7gYHS5C2ck8GAiniTCVooW6rBRea58CFxPssd7uNl
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.