• понеделник, 04 ноември 2024

Митева: Заеднички интерес е договорот да биде објавен

Митева: Заеднички интерес е договорот да биде објавен

Скопје, 18 мај 2023

Го цениме ставот на амбасадорката Агелер и начинот на кој се бранат американските интереси и тоа е добар пример како треба да се однесува корумпираната и криминална влада на ДУИ и СДСМ кога станува збор за македонските интереси. Во услови кога владата на ДУИ и СДСМ не само што не ги брани, туку и ги распродава за да ги задоволи личните криминални апетити, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија и која се темели на атрибутот на македонско национално единство има обврска да ги брани и чува македонските национални интереси.

Национален интерес на македонските граѓани е да знаат каде се трошат неговите пари.

Национален интерес на македонските граѓани е да се почитуваат одлуките на Уставниот суд и да се штитат правата на македонските работници во делот на работните часови и траењето на работната недела.

Национален интерес на македонските граѓани е да не се плаќа 5 пати повеќе за изградба на километар автопат во споредба со оној кој Македонија претходно го градеше заедно со ЕУ на делницата Демир Капија-Смоквица.

Исто така, национален интерес на македонските граѓани е коридорот 8 и 10Д да го градат македонски компании и профитот да остане во Македонија.

Национален интерес на македонските граѓани е да не се платќаат повеќе од 300 милиони евра за пенали и аванси на уште нефрлена лопата за проектот.

Исто така, национален интерес на македонските граѓани е да се почитува македонското постоечко применливо право и истото да не се суспендира со закон на други држави, како што е предвидено со договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д.

Национален интерес на македонските граѓани е да не плаќа за грешките на изведувачот во проектите.

Национален интерес на македонските граѓани е да има квалитетен надзор и супервизија, а не тоа да го прави компанија за производство на долна облека.

Национален интерес на македонските граѓани е да не се злоупотребува знамето на Европската унија при носењето на закони со кои треба да се задоволи криминалот на Владата на ДУИ и СДСМ.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Сигурни сме дека заеднички интерес и на амбасадорот Агелер и на македонските граѓани, а во насока на транспарентноста и владеењето на правото договорот што го потпиша македонската влада со изведувачот да биде објавен. Во спротивно сме загрижени дека се дава лош пример и се воведува погрешна пракса која за жал од криминалната влада на ДУИ и СДСМ ќе биде злоупотребена.

 

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан