• сабота, 22 јуни 2024

Мисијата на Иран во ОН: Хезболах е способен да се брани себеси и Либан од Израел

Мисијата на Иран во ОН: Хезболах е способен да се брани себеси и Либан од Израел

Њујорк, 21 јуни 2024 (МИА) - Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека либанското движење Хезболах е способно да се брани себеси и Либан од Израел.

Иранската мисија во ОН предупреди на платформата Икс дека можеби е дојдено време за самоуништување на израелскиот „нелегитимен режим“.

„Секоја непромислена одлука на окупаторскиот израелски режим да се спаси може да го турне регионот во нова војна“, истакна иранската мисија во ОН. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан