• недела, 22 декември 2024

Нетанјаху ја поздрави подготвеноста на Египет да го унапреди договорот за ослободување на заложниците

Нетанјаху ја поздрави подготвеноста на Египет да го унапреди договорот за ослободување на заложниците

Тел Авив, 24 октомври 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ја поздравува подготвеноста на Египет да го унапреди договорот за ослободување на заложниците во Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека по состаноците во Каиро, кои посредуваа за прекинот на огнот во Газа и разговорите за ослободување на заложниците, одлучил да го испрати шефот на разузнавачката агенција Мосад во Катар за да промовира низа иницијативи.

Како што јави претходно денеска египетската државна телевизија Ал Каиро, повикувајќи се на неименуван официјален извор, египетска безбедносна делегација се сретна со делегација на лидерите на Хамас во Каиро како дел од напорите за обновување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

Израелска делегација в недела во Доха треба да се сретне со преговарачите на САД и Катар. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан