• четврток, 26 декември 2024

Еден војник е убиен во напад на воен конвој во предградието на Грозни

Еден војник е убиен во напад на воен конвој во предградието на Грозни

Грозни, 24 октомври 2024 (МИА) – Еден војник загина, а друг е ранет во напад на воен конвој во предградието на Грозни во Чеченија, соопшти вечерва руската гарда на Севернокавкаскиот округ.

- Во предградието на Грозни непознати лица нападнаа воен конвој. Како резултат на гранатирањето, еден од војниците загинал, а друг е ранет. Тој е хоспитализиран и неговиот живот не е во опасност, соопшти руската гарда, пренесуваат руски агенции.

Потрагата по напаѓачите е во тек. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан