• понеделник, 23 декември 2024

Мирен протест во Битола - „Слобода за Ламбе"

Мирен протест во Битола - „Слобода за Ламбе
Битола, 8 јуни 2022 (МИА) - Попладнево пред СВР-Битола, организирани од политичката партија Левица, на мирен протест беше побарана слобода и правда за Ламбе Алабаковски, кој е во притвор заради палење на вратата на Културниот центар „Иван Михајлов" во Битола. Во изјава за медиумите, локалниот претседател на Левица, Горан Велевски побара итно ослободување на Алабаковски. -Битола е град на херојот Стив Наумов и во овој град нема место за Ванчо Михајлов. Бараме ослободителна пресуда за Ламбе Алабаковски и бараме информација од Централниот регистар дали е правно отворен клубот во Битола кој во моментов претставува провокација за битолчани, истакна Велевски. Мирниот протест заврши со марш на учесниците по булеварот „1. Мај“ каде се објектите на Основното јавно обвинителство и конзулатот на Република Бугарија во Битола. Културниот центар „Иван Михајлов" беше потпален во саботата, на 4 јуни, пред доаѓањето на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во нашата земја. Полицијата го приведе Алабаковски, кој признал делото, а судија на претходна постапка му изрече мерка притвор од осум дена. мт/дма/

Остани поврзан