Мираковски: Во тек е мерењето на загаденоста на воздухот надвор, но и во просториите на училиштата и градинките во пет општини
- Мерните станици низ градовите во земјава денеска покажуваат ниско или многу ниско загадување на воздухот во Скопје, Велес, Гевгелија, Кочани, Струмица,Тетово, Кичево, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Кочани.
Штип, 26 ноември 2023 (МИА) - Мерните станици низ градовите во земјава денеска покажуваат ниско или многу ниско загадување на воздухот во Скопје, Велес, Гевгелија, Кочани, Струмица,Тетово, Кичево, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Кочани.
Жителите на овие градови дишат чист воздух. Снегото и ветерот ги издуваа отровните честички во воздухот, но и оваа зима актуелна ќе биде темата за аерозагадувањето. Истражувањата на терен покажуваат дека сепак најголемото загадување на воздухот и тоа со 45 проценти го прават домаќинствата, кои се греаат на дрва.
Ректорот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски, кој работеше на овие анализи вели дека ова е годишниот просечен процент, а во текот на зимата во одредени урбани средини, каде што и домаќинствата и институциите се греат на дрва процентот е и над 70.
Тој посочува дека лабараторијата „АМБИКОН“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од септември повторно е вклучена во нов проект кој е финансиран од Шведска и УНДП, а го мерата загадувањето на воздухот надвор, но и во затворените простории на училиштата и градинките во градовите Куманово, Струмица, Гостивар, Кавадарци и Струга.
Посочи дека мерењата се во тек, по што ќе следи и анализа. Забележа дека се мери загаденоста не само со ПМ честички, туку ќе се утврдува и анализира и присуството на епидемиолошки, бактериолошки и органски компоненти, за определување на уделот на различните извори на загадување, со најсовремена опрема на лабораторијата „Амбикон“.
Проектот ќе се реализира со финансиска поддршка од над два милиони евра.вдј/свс/
Фото: МИА