• сабота, 13 јули 2024

Минчев: Нема да биде избран претседател на Бугарија во првиот круг од изборите

Минчев: Нема да биде избран претседател на Бугарија во првиот круг од изборите
Софија, 1 октомври 2021 (МИА) - Политикологот доцент Огњан Минчев за Бугарското национално радио прогнозира дека кандидатурата на актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев за втор мандат е прилично ранлива од повеќе причини, уште пред кандидатурата на проф. Анастас Герџиков, јави дописникот на МИА од Софија. Минчев наведе и дека мандатот на Радев во изминатите пет години бил речено, контродикторен, истакнувајќи оти претседателот нема никакви достигнувања во надворешната политика, доколку не се смета иницијативата Три мориња. Политикологот Минчев наведе и дека никогаш не помислил оти вториот мандат на Радев е загарантиран, бидејќи не успеал да ја обедини нацијата и минатата година зазел страна во политичките борби во Бугарија. Тој посочи дека ГЕРБ направил разумен избор со тоа што номинирал независен претседателски кандидат. Минчев прогнозира и дека претседател на Бугарија нема да се избере во првиот круг од изборите, додека во Парламентот би имало шест партии. - Главната задача на партиите во новото Национално собрание ќе биде да воспостават дијалог и да формираат влада, но доколку тоа не се случи, тоа ќе значи дека постои криза во политичкиот систем, за која беа заинтересирани одредени сили зад сцената и дека има луѓе кои сакаат да ја претворат Бугарија од парламентарна во претседателска република, посочи Минчев. нк/ми/

Остани поврзан