• понеделник, 23 декември 2024

Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзалната сала

Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзалната сала

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - На денешната владина седница е усвоена информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото за реконструкција на Универзалната сала, соопшти вечерва владината прес-служба.

Со ова, правото за реконструкција на Универзална сала се пренесува од Град Скопје на Министерството за култура.  

- Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно - техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот на ЈУ Универзална Сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година). Владата ја задолжи министерката за култура да го склучи доставениот текст на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје, се вели во соопштението од Владата. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан