• сабота, 16 ноември 2024

Министерот Сали ги повика здравствените работници да се вклучат во хуманитарните акции во Турција

Министерот Сали ги повика здравствените работници да се вклучат во хуманитарните акции во Турција
Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Министерот за здравство Беким Сали ги повика здравствените работници да учествуваат во хуманитарните активности во Турција која ја погоди разорен земјотрес. 
 
-  Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена. Доколку сте заинтересирани да учествувате, пополнете го формуларот на линкот подолу, а ние ќе обезбедиме дополнителна логистика. Ве повикувам да ни се придружите и да ја покажеме нашата солидарност и знаење со цел да им помогнеме на тие на кои им е навистина потребно, стои во објавата на Фејсбук. бак/ац/
 
Линкот до формулар за пријавување интерес е https://forms.gle/yCoUfbj7kEcBrE7r8. бак/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан