• понеделник, 15 декември 2025

Министерот Муртезани ќе учествува на Форум за проширувањето на ЕУ во Брисел 

Министерот Муртезани ќе учествува на Форум за проширувањето на ЕУ во Брисел 

Брисел, 16 јули 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани утре во Брисел ќе учествува на Форум на високо ниво за проширувањето на ЕУ, насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“. 

На форумот, кој е во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), Муртезани ќе учествува на воведната сесија на собирот, заедно со претседателот на ЕЕСК, Оливер Ропке, црногорската министерка за европски прашања Мајда Горчевиќ и шпанскиот државен секретар за Европска Унија, Фернандо Сампедро.  

Форумот има за цел да ја истакне важноста на социјалниот дијалог и ангажманот на граѓанските организации и младите во процесот на проширување на Европската Унија, како основа за градење поправедно и посолидарно европско општество. сп/са/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан