Средба на министерот Дурмиши со косовскиот амбасадор
- Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретна со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја, со кој биле разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка.
Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретна со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја, со кој биле разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка.
Како што соопшти Министерството за економија, министерот Дурмиши изразил очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.
Амбасадорот Ќехаја, како што се наведува во соопштението, упатил честитка до новата Влада и до министерот Дурмиши за неговото преземање на фунцијата министер за економија и труд. сст/бак/
Фото: Министерство за економија