Министерката Шекеринска во обиколка на АП „Криволак“
- Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го посети армискиот полигон „Криволак“.
Скопје, 5 јануари 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го посети армискиот полигон „Криволак“.
Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе направи увид во градежните работи кои се извршуваат на повеќе објекти и на активностите на обиколницата на полигонот. дма/мд/