• вторник, 24 декември 2024

Министерката Петровска се сретна со новиот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон

Министерката Петровска се сретна со новиот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е на највисоко ниво. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да ги развиваат националните капацитети кои се капацитети и на Алијансата, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и новиот британски амбасадор во земјава, Метју Лосон. На средбата, што се одржа во Министерството за одбрана, Петровска се заблагодари за досегашната британска поддршка во однос на обуката на нашата НАТО единица, за донациите во опрема како и за долгорочната советодавна помош во развојот на одбранбените и армиските капацитети. Амбасадорот Лосон порача дека Велика Британија останува посветена на соработката со Северна Македонија и развојот на армиските капацитети, соопштија од Министерството за одбрана. рп/са/

Остани поврзан